Промоција! Првите 8 месеци: 15.999 ден за првата каса, 7.999 за секоја следна каса во истиот локал, во чест на кислородот, елементот број 8. Купете ја лиценцата сега и цената ви е гарантирана 2 години. Види ги цените →

Каса за ресторани, кафулиња и продавници

Здив свеж кислород за вашиот локал.

Келнерот нарачува од телефон, кујната ја гледа нарачката на екран, а фискалната сметка излегува на касата. Без чекање, без трчање, без изгубени нарачки.

Бесплатно до 15 производи, засекогаш. Без картичка и без договор.

План на сала во nsOxygen: маси со бои според состојбата Најава на касата nsOxygen со PIN Брза продажба во nsOxygen: производи и сметка Каса за продавница во nsOxygen: листа на ставки и вкупен износ Инсталација на nsOxygenOS
План на сала
Работи без интернет Сè се чува на касата. Ако касата е поврзана со Stratus, кога интернетот ќе се врати, податоците се пренесуваат и се достапни за преглед и анализа во Stratus.
Windows или nsOxygenOS Немате лиценца за Windows? nsOxygenOS се инсталира директно на компјутерот.
Фискални уреди Accent PF550, PF700, SY55, SY46 и SY250. За друг уред, прашајте нè.
Поврзана со Stratus Производи, магацин и фактури на едно место, ако ви треба.

Можности

Сè што му треба на еден локал, на една каса

Направена заедно со угостители: брзо куцање, јасни бои и копчиња што се гледаат и во најполна вечер.

План на сала

Масите стојат како во локалот. Со еден поглед гледате која е слободна, која е ваша и каде е дадена сметката.

Телефон за секој келнер

Нарачката тргнува од масата, а маркерот веднаш излегува во кујната. Нема апликација за инсталирање: телефонот се поврзува со скенирање QR-код на касата.

Екран за кујната, без доплата

Нарачките стигнуваат на таблет во кујната, по редослед. Бојата покажува колку долго чекаат, а „Готово“ веднаш се гледа на касата и на телефонот на келнерот.

Станици и маркери

Шанкот ги добива пијалаците, кујната храната — секоја станица своето, на свој печатач или на свој екран.

Екран за купувачот

Втор монитор за купувачот: секоја ставка и вкупниот износ, додека се куца.

Поделба на сметката

Секој гостин го плаќа своето, или делите по количина? Масата останува една, сметките се посебни.

Додатоци и комбинации

Екстра сирење, без шеќер, мени со пијалак — точно на сметката и точно на маркерот за кујна.

Најава со бесконтактна картичка

Келнерот се најавува со допир на картичка или привезок на читачот, без да го куца PIN-от.

Ресторан и кафуле

Од нарачка до сметка, без да ја изгубите масата од вид

  • Вие одлучувате во поставките: секој келнер работи само на своите маси, или сите келнери нарачуваат на сите маси.
  • Туѓа маса се презема со PIN на келнерот или на шефот.
  • Предавање на масата при крај на смената, со сите сметки на неа.
  • „Уште една тура“ со едно копче.
  • Број на гости, белешка за масата, резервации.
  • Попуст на ставка или на цела сметка, со одобрение од шеф.
Нарачка на маса во nsOxygen: производи по групи и сметката десно

Продавница

Брза каса за пулт, со баркод и без многу кликање

  • Скенирајте баркод или впишете шифра — ставката е на сметката.
  • Неколку отворени сметки истовремено, за купувачот што се врати по уште нешто.
  • Брза продажба за производите што се продаваат најчесто.
  • Кафуле без маси? И тоа може да работи како продавница.
Каса за продавница во nsOxygen: листа на ставки и вкупен износ

Без интернет

Интернетот падна? Касата не забележува.

Сè што е потребно за продажба е на самата каса. Телефоните на келнерите и кујнските екрани работат преку локалната мрежа во објектот. Ако касата е поврзана со Stratus, кога интернетот ќе се врати, сметките се пренесуваат во Stratus и се достапни за преглед и анализа. Ништо не се губи.

  • Шифрирана база на податоци на касата.
  • Резервна копија на USB или во Stratus.
  • Втора каса во истата мрежа, без дополнителен сервер.
Екран за купувачот: ставките и вкупниот износ во денари
Екранот за купувачот, на втор монитор.

Инсталација

Со Windows или без Windows

Истата каса, истите можности и истите изданија. Изберете според компјутерот што го имате.

Microsoft Windows

Инсталација на Windows

За компјутер што веќе има Windows со лиценца.

  • Windows 10 или Windows 11.
  • Програмата се инсталира како секоја друга, за неколку минути.
  • По инсталацијата, водич ве носи низ првите поставки: објект, фискален уред, корисници.
  • Касата работи на цел екран, како посебен уред, за келнерот да не излезе од неа случајно.

Потребна е важечка лиценца за Windows на секој компјутер што е каса.

Преземи nsOxygen за Windows

Верзија 1.2.9 · 64-битна · 77,5 MB

Упатство за инсталација на Windows, чекор по чекор

Без лиценца за Windows

nsOxygenOS

Наш систем за каси, кој се инсталира директно на компјутерот, без Windows.

  • Се инсталира од USB-меморија, на празен или на постар компјутер.
  • По вклучувањето, компјутерот оди право во касата. Нема работна површина и нема други програми.
  • Ништо друго не може да се отвори или инсталира, па многу помалку може да се расипе.
  • Ги има сите изданија и сите можности, исто како на Windows.
  • Не плаќате лиценца за Windows за ниту една каса.
Минимални барања за компјутерот
Процесор
64-битен Intel или AMD, најмалку 2 јадра
Меморија
4 GB
Диск
32 GB, препорачано SSD
Екран
1024 × 768 или поголем, по желба на допир
Мрежа
кабел или Wi-Fi
За инсталацијата
USB-меморија од најмалку 4 GB

Инсталацијата го брише целиот диск на компјутерот. Тој компјутер станува каса и само каса.

Преземи nsOxygenOS

Верзија 1.2.9 · ISO-слика за USB-меморија · 2,9 GB

Упатство за инсталација на nsOxygenOS, чекор по чекор

Не сте сигурни што да изберете? Пишете ни и ќе ви советуваме според компјутерите што ги имате.

Stratus

Со Stratus добивате многу повеќе

Касата работи и сама. Со Stratus го водите објектот од каде било, а продажбата, магацинот и фактурите се на едно место.

Управување од далечина

Продуктите, цените и корисниците ги менувате во Stratus, а касите ги добиваат промените сами, за неколку секунди.

Прометот од каде било

Сметките стигнуваат во Stratus во текот на денот. Прометот, продажбата и келнерите ги гледате и кога не сте во објектот.

Дневен извештај по е-пошта

По секој дневен извештај добивате преглед: промет, готовина и картичка, попусти и сторна, споредено со истиот ден минатата недела.

Магацин и фактури

Секоја сметка ја намалува залихата во продавницата. Фактурите, пописот и сето останато комерцијално работење се во истиот систем.

Повеќе каси и објекти

Сите продавници и каси на едно место, со заеднички продукти, цени и корисници.

Гостите ја оценуваат услугата

Гостинот ја оценува услугата од сметката, а вие ги гледате оценките по келнер.

Плус: резервна копија во Stratus, ценовни правила и среќен час, и три телефони за келнери вклучени.

Оксиметар

Колку кислород има вашиот локал?

Оксиметарот ја мери заситеноста на крвта со кислород. Нашиот Оксиметар ги мери вашите сметки: каде заработувате, каде губите и што да смените. Сè од сметките што касата веќе ги испраќа во Stratus, без ништо дополнително да внесувате.

Гужва по часови

Кога е полно, а кога празно, по ден во неделата и час. Колку келнери ви требаат во петок навечер, а колку во вторник наутро.

Промет по часови

Точните бројки за секој ден и час, со сметките зад нив.

Мени под лупа

Секој производ во една од четири групи: задржи, поскапи, промовирај, тргни.

Келнери

Промет, просечна сметка, додатоци, „Уште една тура“, оценки од гостите, сторна и попусти, за секој келнер.

Црвени знамења

Необични сторна, тргнати ставки, попусти и разлики во касата, со кој и кога.

Неделен извештај

Секој понеделник во 08:00, на e-mail и на Telegram: вашата недела на еден поглед.

4.999 ден годишно или 499 ден месечно + ДДВ, по фирма, за сите каси.

Бара Stratus. Кога ќе имате 4 недели сметки, Оксиметарот сам се отклучува 30 дена бесплатно, без ништо да кликнете.

Плановите на nsOxygen се плаќаат годишно. Додатоците во Stratus може да се плаќаат и месечно, со токени.

Сакате да го гледате локалот и од дома? Оксипулс ја покажува салата и прометот во живо, од каде било на вашиот мобилен телефон, 4.999 ден годишно или 499 месечно, со 30 дена бесплатна проба. Двата заедно се O2: 7.999 ден годишно + ДДВ.

Изданија

Почнете бесплатно, растете кога ќе ви затреба

Секое издание доаѓа како Ресторан или како Продавница.

Промоција · 8 месеци

Осум протони, осум месеци.

Кислородот има 8 протони, па и промоцијата трае 8 месеци. Ресторан: 15.999 ден за првата каса и 7.999 ден за секоја следна каса во истиот локалПродавница: 9.999 ден за првата каса и 4.999 ден за секоја следна каса во истата продавница, годишно + ДДВ. Лиценцата купена во промоцијата ја задржува промотивната цена две години.

Половина цена е за втората и секоја следна каса во истиот локал. Секој друг локал (на друга адреса) почнува со своја прва каса по полна цена.

Бесплатно

За почеток и за мал објект

0 ден засекогаш

  • На Windows или nsOxygenOS
  • До 15 производи
  • Една каса
  • Маси и план на сала
  • Извештаи и фискален извештај
  • Резервна копија на USB
  • Ажурирања
  • Детално упатство за користење
  • Без поддршка и без далечинска помош
Преземи бесплатно

Самостојна

Без Stratus, сè на касата

Промотивна цена15.999 ден9.999 ден годишно + ДДВ

  • На Windows или nsOxygenOS
  • Неограничен број производи
  • Една каса
  • Еден телефон за келнер вклучен
  • Станици и маркери
  • Екран за кујната, без доплата
  • Екран за купувачот
  • Додатоци и комбинации
  • Ажурирања во текот на платената година
  • Детално упатство за користење
  • Поддршка по е-пошта, телефон и Telegram, и далечинска помош
Побарај понуда

Надворешен систем

Ако веќе имате свој деловен софтвер

Промотивна цена15.999 ден9.999 ден годишно + ДДВ

  • На Windows или nsOxygenOS
  • Производите и сметките се во вашиот систем
  • Каса со клуч за секоја каса
  • Телефони и кујнски екрани
  • Отворен протокол за поврзување
  • Ажурирања во текот на платената година
  • Детално упатство за користење
  • Поддршка по е-пошта, телефон и Telegram, и далечинска помош
Побарај понуда

Зошто токму 15.999? Толку е атомската маса на кислородот.

Продавница: истиот кислород, помала маса. Без маси, келнери и кујна, nsOxygen е полесна, а цената со неа.

Која молекула сте вие?

Колку каси имате во објектот?

Вкупно годишно
По каса

Првата каса 15.999 ден, секоја следна во истиот локал 7.999 ден годишно + ДДВ.Првата каса 9.999 ден, секоја следна во истиот локал 4.999 ден годишно + ДДВ.

Додатоци во Stratus: Оксиметар 4.999 · Оксипулс 4.999 · O2, двата заедно, 7.999 ден годишно + ДДВ. Плановите на nsOxygen се плаќаат годишно. Додатоците во Stratus може да се плаќаат и месечно, со токени.

Касата ја инсталирате сами за помалку од 5 минути (со nsOxygenOS за околу 20), со нашето упатство чекор по чекор, а со платено издание помагаме и на далечина. Доаѓање во локалот, инсталација на лице место и обука не се вклучени во цената; ако ви требаат, ги нудиме посебно, по понуда, според местото и патните трошоци.

Секое издание работи исто на Windows и на nsOxygenOS. Дополнителен телефон за келнер: 3.000 ден годишно + ДДВ (300 ден месечно, за споредба). Нова сметка во Stratus добива 30 дена од сè, бесплатно. Потоа касата продолжува како Бесплатно издание додека не изберете план.

Понуда за првите 16

Јадрото на nsOxygen

Јадрото на кислородот има 8 протони и 8 неутрони. Нашето го прават првите 16 објекти што ќе почнат со платено издание.

Протони, места 1–8 20% попуст за првата година: Ресторан 12.799 ден наместо 15.999, Продавница 7.999 ден наместо 9.999
Неутрони, места 9–16 10% попуст за првата година: Ресторан 14.399 ден наместо 15.999, Продавница 8.999 ден наместо 9.999

Слободни протони: 8 од 8 · Слободни неутрони: 8 од 8

Побарај понуда
Правила на понудата
  • Местото се брои кога е платена првата фактура, а не кога е побарана понудата.
  • Едно место за една фирма, само за платено издание. Дополнителните каси и телефони се по полна цена.
  • Објектите во јадрото се прикажани тука, со име, град и лого, за секој да може да ги изброи.
  • Ако не сакате да бидете прикажани, местото е анонимно („Ресторан, Скопје“), а попустот е 15% за протон и 5% за неутрон.
  • Објавувањето бара ваша согласност, која ја давате со едно означување при нарачката.
  • По првата година плаќате 15.999 ден годишно за Ресторан или 9.999 ден за Продавница, и таа цена не се менува две години.
  • Сите цени се без ДДВ.
  • Целосните правила, вклучувајќи го и редоследот при иста дата на уплата и злоупотребите, се во Условите за користење.

Поминете со глувчето или допрете број за да видите кој е на тоа место.

Прашања

Најчести прашања

Ми треба ли нов компјутер?

Најчесто не. nsOxygen работи на Windows 10 и Windows 11, на екран на допир или со тастатура и глушец. Ако компјутерот нема лиценца за Windows, на него може да се инсталира nsOxygenOS.

Дали доаѓате да ја инсталирате касата?

Нема потреба: инсталацијата трае помалку од 5 минути на Windows и околу 20 со nsOxygenOS, а упатството ве води чекор по чекор. Со платено издание ви помагаме и на далечина. Ако сепак сакате да дојдеме во локалот, тоа е посебна услуга, по понуда, според местото и патните трошоци.

Што е Оксиметар и дали ми треба?

Оксиметар е анализа на вашите сметки во Stratus: гужва и промет по часови, кои производи носат пари, како работат келнерите и необичните сторна и попусти, плус неделен извештај секој понеделник. Касата работи и без него; тој ви кажува што да смените. Кога ќе имате 4 недели сметки, сам се отклучува 30 дена бесплатно, па сами одлучувате дали вреди.

Што е Оксипулс?

Оксипулс ја носи касата во вашиот џеб: на мобилниот телефон, од каде било, во живо гледате како оди денот и прометот, кој работи и кои маси се зафатени. Телефонот прво се поврзува во локалот, пристапот е само за супервизор со ПИН, а од далечина само гледате, ништо не менувате. Бара Stratus, чини 4.999 ден годишно или 499 ден месечно + ДДВ и го пробувате 30 дена бесплатно. Заедно со Оксиметар е O2: 7.999 ден годишно.

Што се случува ако падне интернетот?

Ништо. Касата, телефоните и кујнските екрани продолжуваат да работат во локалната мрежа. Сè останува зачувано на касата. Ако касата е поврзана со Stratus, кога интернетот ќе се врати, податоците се пренесуваат во Stratus и се достапни за преглед и анализа.

Дали келнерите треба да инсталираат апликација?

Не. Телефонот се поврзува со скенирање QR-код на касата, а келнерот се најавува со истиот PIN како на касата. Телефоните работат преку Wi-Fi мрежата за персоналот, и без интернет.

Кои фискални уреди ги поддржувате?

Засега фискалните уреди Accent: печатачите PF550 и PF700 и касите SY55, SY46 и SY250. Уредот се поврзува преку сериски порт (RS232) или преку мрежа. Ако имате друг уред, пишете ни кој е.

Дали ми треба Stratus?

Препорачуваме да. Касата работи и без Stratus, но со Stratus ги менувате продуктите и цените од далечина, прометот го гледате од каде било, добивате дневен извештај по е-пошта, а магацинот, фактурите и сето останато комерцијално работење се на едно место. Нова сметка во Stratus добива 30 дена бесплатно, со сите можности.

Можам ли да ги однесам моите податоци ако се откажам?

Ако работите со Stratus, да, секогаш. Податоците се ваши и од Stratus можете да ги извезете целосно, без прашања. Без Stratus, сметките и продуктите остануваат на самата каса, а дневните извештаи се зачувани во фискалниот уред.

Контакт

Побарај понуда

Кажете ни каков објект имате и колку каси и келнери ви требаат. Ќе ви се јавиме со понуда, без обврска.

Податоците ги користиме само за да ви се јавиме. Политика за приватност